Нарачка на патент затворачи и конец

При правењето на нарачка на специфични производи како што се патент затворачите и конецот за шиење потребно да бидат наведени сите детали во врска со дадениот тип на производ.

Доколку се работи за патент затворачи потребно е да се наведи типот на патент затворачот (спирален, метален, лиен, сокриен) неговата ширина (4мм, 6мм, 8мм), должината во која треба да биде произведен, неговата боја, како и типот на клизачот кој треба да биде вграден. Со цел полесно да се изврши нарачката може да се користи формуларот во Microsoft Excel кој пополнет може да се испрати преку e-mail на naracka@zipplast.com.mk, по факс или по пошта.

Кај конецот пак покрај типот на конецот (Perma Core, Perma Spun, Filan итн), треба да се запише неговата дебелина, пакувањето кое е достапно во различни големини во зависност од дадениот тип на конец (види табела за спецификација за даден тип на конец), бројот на конуси и бојата на конецот. Исто така со цел полесно да се изврши нарачката за конец може да се користи формуларот во Microsoft Excel кој пополнет може да се испрати преку e-mail на naracka@zipplast.com.mk, по факс или по пошта.

За сите нејаснотии и потешкотии при изборот на патент затворачи и конец за шиење слободно може да се обратите на нашите телефони барајки го лице за контакт Стамен Петковски, преку е-mail или пак договорете средба во нашите простории.