Дебелина на конец

Постојат многу системи за обележување на дебелина на конецот во светот и многу често ова предизвикува забуна. Очигледно е многу битно да се избере правилната дебелина на конецот и неговит тип во зависност од неговата примена.

Големина на текс (Tex size) е мерење на тежината во грамови на 1000 метри на необоен или незавршен конец. На пример Т-18 или Т-27 се тексови за лесна ткаенина, Т-30 или Т-50 за средна ткаенина итн.

Метричка големина е најчестиот систем кој се користи во Европа за означување на дебелина на конец и тој означува бројот на 1000 метри клопчиња за килограм или (496 клопчиња на предиво за 1 pound =453.59265 g.) На пример М-180 до М-120 за лесна ткаенина итн.

1 pound e американска единца за тежина со ознака lb и одговара на 1lb=453.59265 g или 0.4535924277 kg

Големина на предиво (Yarn size) е мерење кое се користи за број на 840 клопчиња на предиво за 1 pound =453.59265 g, и многу често се означува како (spun size) односно упредена големина. Големина на предиво (Yarn size) генерално ги вклучува и двете и големината на предивото и бројот на жици. На пример 46/2 означува големина на предиво 46 со 2 жици.

Во Хонг Конг најчест систем за означување е со големината на предиво (Yarn size) но при обележувањето се испушта косата црта "/" и затоа 50/2 се означува како 502 или 60/3 како 603 итн.


1 Denier е дополнителна единица мерка и означува тежината во грамови на 9000 метри на необоен или незавршен конец.

За полесни претворби од еден мерен систем во друг може да се користи следниот Konvertor во Microsoft Excel