Зиппласт конец за шиење

Зиппласт ви нуди широк спектар на избор на конец за шиење во зависност од неговата примена, квалитет и цена на чинење. Сите типови на конец се увезуваат од познатиот бренд на TSP Марибор oд Република Словенија која пак е субсидиерна компанија на светскиот гигант American&Efird.

Со долгогодишна традиција која датира од 1937 година и која благодарение на препознатливиот квалитет се инфилтрира на пазарот во Европа со својата конкурентност и ден денеска е еден од водечките производители на конец во регионот.

Сите типови на конец го поседуваат Eco сертификатот пропишан од Европската унија како и ISO 9001 и ISO/TS 16949 стандардот за квалитет.

1. Perma Spun

100% полиестер, направен од упредени полиестерски влакна на сецкан (штапел) полиестер

2. Perma Core

100% полиестер, напраен од упредени филамент влакна (јадро) од полиестер, обвиткани со кратки влакна од сецкан (штапел) полиестер

3. D-Core

мешавина на полиестер/памук, направен од упредени филамент влакна (јадро) од полиестер, обвиткани со кратки сецкани влакна од чешлан мерцелизиран памук.

4. Filan

100% полиестер, направен од упредени филамент влакна од полиестер

5.Wildcat

100% полиестер, направен од упредени филамент влакна од тектуриран полиестер

6. Nomex

100% полиестер, самогасив, незапаллив конец направен од полиестерски Nomex влакна

7. Amfil

100% полиамид, направен од упредени филамент влакна од полиамид

8. Sun Stop

100% полиестер, специјален водотпорен конец со засилена UV заштита од атмосферски влијанија

Важна напомена : Зиппласт Дооел Скопје може да врши и испорака на некои типови на конци кои помалку се користат. Доколку било кој од клиентите има специфични барања во соработка со одговорното лице од Зиппласт многу брзо ќе добие јасен одговор за можностите за реализација на неговото барање.
Во прилог е дадена споредбена табела по типови на конец во однос на некои од останати производители на конец.