Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Спирални ткаени патент затворачи

Спиралните патенти се произведуваат во еден континуиран процес од високо квалитетни PES предива и PES монофиламент на специјални автоматски машини. Резултататот од ова се спирални патенти кои поставија нови стандарди за издржливост и трајност. Зиппласт исто така во својата програма го вклучува и сокриениот спирален патент кој има неверојатно масовна употреба во голем број на апликации и потребата од него секојдневно расте.

Зиппласт спиралните патенти се произведуваат во три различни спирални верзии и се достапни во повеќе конструкциски варијанти (неделив патент, делив патент, Y-варијанта, O-варијанта, X- варијанта) или пак како метражен патент затворач.

Зиппласт спиралните патенти имаат универзална привлечност и се погодни за широк спектар на апликации во текстилната и во индустријата за облека. Како на пример за женската модна облека, речиси сите видови на машка облека, облека за бебиња и детски алишта, облека за секојднева употреба, работна облека како и спортска облека. Други области на употреба се во индустријата за мебел (тапацир, спални, душеци), во чевларската индустрија (патики, чизми, кондури), како и за шатори и опрема за кампување.

Според широчината и типот на спиралата достапни се како :

1.Спирални патенти S60

S60 патенти

2.Спирални патенти S40

S40 патенти

3.Сокриени спирални патенти S40

сокриени патенти