Компанијата YKK Zipplast Пожега е формирана во 1988 година од менаџерски тим со над 30 години работно искуство во оваа бранша. Производството почна со две технолошки линии и на секои две години се пуштаа во производство две нови така да во 2004 година работат осум технолошки линии.Во 2005 година почна со работа Зиппласт Бања Лука.

Во 2007 година се формира Зиппласт Дооел Скопје, со две технолошки линии. Нашата компанија се занимава со производство на сите видови патент затворачи а воедно сме и застапници на конец за шиење од познатиот бренд на фирмата TSP Марибор од Република Словенија, која е под аквизиција на гигантот од САД American&Efird.

Присутни сме на просторите на поранешна Југославија, а Зиппласт Дооел Скопје ја покрива територијата на Република Македонија, Косово и Албанија, и има воспоставено соработка во Република Македонија со над 220 компании кои ги користат нашите производи.

Нашата девиза е "4K". Квалитет, Квантитет, Континуитет и Конкурентност на пазарот. Ова се должи на потполно автоматизираното производство, како и на менаџерскиот тим со кој располагаме. Соработуваме со фирми од текстилната индустрија, кожарството, чевларската индустрија, галантерија, индустријата за мебел и други.

Драги Потрошувачи

Времето работи за нас а ние работиме за Вас.

Срдечен поздрав и многу успех на секој план

Зиппласт Дооел Скопјe

Сопственик:
Радисав Мр. Богдановиќ дипл.инг.
Mob.: + 381(0)64 825 53 01
e-mail: president@starasokolova.com

Генерален директор:
Љубодраг Спасоевиќ дипл.инг.
Mob.: + 381(0)64 825 53 07
e-mail: ljubodrag.spasojevic@zipplast.co.rs

 

Директор Зиппласт Дооел Скопје:
Стамен Петковски дипл.инг.
Mob: +389(0)71 303 481
e-mail: info@zipplast.com.mk